Звукот на пчелите

34

pceli

Британскиот аудио бренд Bowers & Wilkins го демонстрираше квалитетот на новиот T7 преносен Bluetooth звучник користејќи го звукот на пчелите.

За да може да го реплицира звукот на пчелите, тонскиот снимач Сем Најтингејл стави микрофон директно во кошницата. Потоа, за да го докаже квалитетот на звукот, снимката ја пушти на звучник и чекаше да види како ќе реагираат пчелите.

Освен што ги изрекламира звучниците, видеото има и порака за заштита на пчелите. На крајот нараторот го цитира Алберт Ајнштајн, кој рекол: “Ако исчезнат пчелите од лицето на Земјата, тогаш човештвото има уште четири години живот”.

Продукцијата е на Shuffle Media, а видеото е снимано во Кент, Англија.