Zynga презема турска компанија за 1,8 милијарди долари

79

Американскиот креатор на видео игри, Zynga, ја презема турската компанија за видео игри Peak, за 1,8 милијарди долари, со што ова станува највредниот договор за преземање на турски старт – ап, пренесува Хуријет.

Во понудатa се вклучени околу 900 милиони долари во готово и 900 милиони долари во акции.

Се очекува турски Peak да го зголеми бројот на активни корисници на дневна основа за повеќе од 60%, а зделката се очекува да биде завршена во третиот квартал од оваа година.

Peak, старт – ап основан пред 10 години, ќе продолжи да функционира во Истанбул со тим од 100 лица, чија просечна возраст е 29 години.

“Посебно сме возбудени за идните планови за раст со поголема моќ заедно со Zynga. Ќе продолжиме да го развиваме тимот, да растеме и да се развиваме во Турција“, вели Сидар Шахин, основач на Peak.

Игрите Toy Blast и Toon Blast на Peak се меѓу најпопуларните во САД.

Фото: Facebook