Сезоната на празници за многумина е незамислива без рекламата за „Кока-Колајн“ која го најавува доаѓањето на Божиќ и Нова Година. Рекламата „Празници се ближат“ годинава е создадена со помош на вештачката интелигенција.
Видеото со Дедо Мраз и камионот за испорака на „Кока-Кола“ веројатно е нешто што многу луѓе го поврзуваат со празничната сезона и стана традиција уште од првото емитување во 1995 година.
Рекламите речиси секогаш ги прикажува блексавите украси на камионот додека тој врши испорака до куќите покриени со снег. Иако снимката се менуваше со текот на годините, пораката речиси секогаш беше иста.
Маркетинг-директорот на „Кока-Кола“, Хавиер Меза, вели дека компанијата се обидува да биде во чекор со времето.
– Не почнавме велејќи си: „Во ред, мораме да го направиме ова со помош на вештачката интелигенција“. Накратко, сакавме празниците да бидат во допир со сегашноста, а потоа ја истраживме вештачката интелигенција како можно решение – изјави тој и објасни дека рекламата ја покажува посветеноста на „Кока-Кола“ да ги прифати иновациите додека останува доследна на нејзините основни вредности.