🎥Тесла претстави роботаксија: Возила без волан и педали од 2026 година за 30.000 долари

31

Компанијата „Тесла“ го претстави долгоочекуваното робо-такси на настан во Калифорнија, а возилата нема да бидат достапни до 2026 година, a на сцената се појави извршниот директор Илон Маск во едно од возилата „Сајберкаб“ велејќи на публиката дека такви возила немаат ни волан без педали.

Компанијата почна да продава софтвер наречен „Full Self-Driving“ пред девет години, но имаше сомнежи за неговата веродостојност.

„Ќе преминеме од целосно автономно надгледувано возење до возење без надзор, каде што можете да спиете и да се разбудите на вашата дестинација, а тоа ќе биде славна иднина“, рече Маск, пренесе агенцијата АП.

Компанијата планира следната година да ја направи достапна технологијата за целосно самостојно возење на популарните возила Model Three и Model Y во Тексас и Калифорнија.

На презентацијата, која беше наречена „Ние, робот“, Маск претстави и возило кое наликува на минибус и може самостојно да превезува 20 патници.

Маск процени дека роботите ќе чинат меѓу 28.000 и 30.000 долари и дека ќе можат да се грижат за деца, да сечат трева, да купуваат намирници…