📈 Извозот на Македонија порасна за 8,8% во првите осум месеци, увозот порасна за 7.99 %

Во периодот јануари – август 2026 година, македонскиот извоз и увоз бележат стабилен раст, покажуваат најновите претходни податоци од Државниот завод за статистика (ДЗС).

Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари – август 2026 година, изнесува 353 757.0 милиони денари и бележи пораст од 8.81 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увезената стока, во периодот јануари – август 2026 година, изнесува 502 607.4 милиони денари, што е за 7.99 % повеќе во споредба со истиот период од претходната година.

Трговската размена по производи според Стандардната меѓународна трговска класификација покажува дека во извозот најголемо е учеството на: катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, деловите на седишта од подгрупата 821.1 и други катализатори на носачи.

Во увозот најмногу се застапени: нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), платината и легурите на платина, необработени или во прав, другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав и други моторни возила за превоз на лица.

Во периодот јануари – август 2026 година, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, најмногу се тргувало со Германија, Велика Британија, Кина, Грција и Србија, кои учествуваат со 49.7 % во вкупниот обем на размената. Земјите членки на Европската Унија учествуваат со 58.5 % во вкупната размена.

Извоз јануари – август 2026 година во однос на јануари – август 2025 година

  • 353 757.0 милиони денари: +8.8 %
  • 5 738.7 милиони евра: +8.7 % 
  • 6 669.8 милиони САД долари: +13.7 % 

Увоз јануари – август 2026 година во однос на јануари – август 2025 година

  • 502 607.4 милиони денари: +8.0 %
  • 8 153.8 милиони евра: +7.9 % 
  • 9 476.1 милиони САД долари: +12.9 %