📽Луксузот станува достапен: Audemars Piguet и Swatch лансираат џебен часовник

Тајната е откриена за она што веројатно ќе биде најголемата вест во светот на часовниците за оваа година. Swatch и Audemars Piguet официјално ја потврдија својата соработка. Новиот модел се вика „Royal Pop“ и ќе биде пуштен во продажба на 16 мај — исклучиво во физичките продавници на Swatch, без онлајн продажба. Кој сака да го купи, ќе мора лично да застане во ред.

Овде нема рачни часовници, туку само осум уникатни џебни часовници во два различни стила, сместени во биокерамички куќишта со живописни бои во форма на познатиот Royal Oak. Часовниците се придвижувани од механички механизми на рачно навивање SISTEM51. Осум часовници – за секоја страна на култниот октагонален прстен на Royal Oak.

Џебните часовници ќе бидат достапни  во два стила: Lépine  и Savonnette, во 200 избрани продавници на Swatch ширум светот. Продажбата е ограничена на само еден примерок по лице, по продавница, на ден. Стилот Lépine ќе се продава по цена од 400 долари, а стилот Savonnette по цена од 420 долари.

Оваа еднократна колекција се состои од осум џебни часовници во осум различни бои, именувани според варијациите на зборот „осум“ на француски, англиски, италијански, шпански, кинески, јапонски, германски и реторомански (јазик што се зборува во Швајцарија):

  • Бела: Huit Blanc

  • Розова: Otto Rosso

  • Зелена: Green Eight

  • Лимон-зелена/Сина: Blaue Acht

  • Темносина/Портокалова: Orenji Hachi

  • Сина/Светлосина: Lan Ba

  • Црна/Бела: Ocho Negro

  • Розова/Жолта/Тиркизна: Otg Roz

Audemars Piguet и Swatch го претставуваат Royal Pop, нова колекција која ги спојува креативноста и дрскоста со високата хорлогија. Инспирирана од поп-артот, оваа соработка ги реинтерпретира иконските кодови на Royal Oak преку револуционерен џебен часовник, достапен во осум модели и дизајниран да се носи на повеќе начини.

„Зошто оваа соработка? Поради радоста и смелоста што ги претставува. Бидејќи дрскоста е често почетната точка на иновациите и новите идеи. И затоа што ја повикува пошироката публика, вклучувајќи ги и помладите генерации, да го искусат механичкото часовничарство на поинаков начин.“, вели Илариа Реста главен извршен директор на Audemars Piguet.

Ова не е обична соработка. Audemars Piguet се смета за еден од најексклузивните брендови на часовници во светот, додека цената на оригиналниот модел Royal Oak надминува 60.000 евра. Swatch сега се обидува да го донесе тој препознатлив луксуз до многу поширока публика.