📷Купуваат и градат: Македонци го освојуваат грчкото крајбрежје!

Македонци, Срби, Бугари но и Британци и Турци… Во Грција се случува „инвестициски бум“ во недвижниот бизнис. Македонските државјани не само што купуваат станови за лична комоција, туку инвестираат во станбени комплекси…

Цените на становите во Грција за пет години вртоглаво се зголемија

„Двојно поскапе метар квадратен станбена површина изминатите години. Има голем наплив на купувачи од странство, најмногу од земјите околу нас“ – вака вели еден мештанин, Грк, во туристичкото место Каликратија кое е атрактивно место за македонските и за српските туристи.

Купување на стан, апартман, земјиште со куќа изминатите години стана популарен тренд и за македонските граѓани. Најмногу недвижности од страна на нашите државјани се купени на туристичките места околу Солун и на локации на првиот крак Касандра кој е дел од полуостровот Халкидики, пишува Локално.мк

„Станот од околу 55 квадрати, целосно нов, во градба го платив 2 000 евра за квадрат, зградата е нова“ – вели за „Локално“ еден велешанец и на шега додава дека на грчкото крајбрежје нашите граѓани се рапоредени според градот од каде доаѓаат – Скопјани купувале во Неа флогита, Криопиги, Штипјани, Кавадарчани, Велешани пак во Каликратија.

„За станот од 55 кавдрати плативме 80. 000 евра, но станот беше руиниран, целосно го реновиравме така што не чини нешто повеќе од 100. 000 евра“ – вели една скопјанка чие семејство поседува стан во Каликратија.