🛢️Нафтата Брент ја проби границата од 110 долари: Највисоко ниво од мај под притисок на Блискиот Исток

Цената на суровата нафта „брент“ доцна синоќа достигна 110 долари за барел за прв пат од мај, поради загриженоста дека ескалацијата на тензиите на Блискиот Исток би можела дополнително да ја ограничи понудата, додека инвеститорите сè уште проценуваат колку дизел Русија може да испорача на глобалниот пазар.

Цената на суровата нафта од типот Брент денеска се тргува по цена од 109,9  долари за барел, поради загриженоста дека ескалацијата на тензиите на Блискиот Исток би можела дополнително да ја ограничи понудата, додека инвеститорите сè уште проценуваат колку дизел може да испорача Русија на глобалниот пазар.

Фјучерсите за нафта „Брент“ пораснаа за 3,94 долари, или за 3,7 проценти, достигнувајќи 109,9 долари, што е највисоко ниво од 19 мај. Во исто време, американските фјучерс за нафта „Вест Тексас Интермедиејд“ забележаа зголемување од 3,44 долари, или 3,5 проценти, на 101,4 долари.

Од почетокот на оваа недела, цената на „Брент“ се зголеми за 4,9%, а американската нафта за 10,4%.

„Цените на нафтата растат, бидејќи повторно се појавија стравувања од ескалација, поттикнати од гласините за напади врз енергетската инфраструктура на Саудиска Арабија“, се вели во извештајот на истражувачката и консалтинг фирма „Енерџи аспектс“.