10 години CEED Global – да ја обликуваме иднината на бизнисот!

20

12744417_1063623957028332_5455096523379314811_n

Cвојот 10 годишен јубилеј, CEED ќе го прослави со Конференција што ќе се одржи на 14 април 2016 година во Софија, Бугарија, земјата во која е отворен првиот центар од мрежата.

На конференцијата ќе присуствуваат лидерите на индустриите, претприемачи, основачи на стартапи, инвеститори од преку 17 земји од светот.

Гости говорници ќе бидат неколку звучни имиња од светот на бизнисот, како Ерик Шуренберг, претседател и главен уредник на Inc, Џим Стајклитер, главен за иновации во Dell, Мариа Анселми, генерален менаџер на Bisnode, Питер Риги, глобален директор на CEED и многу други.

На настанот ќе биде овозможена презентација на бизнис идеи на стартапи или компании во најрана фаза од развојот, пред инвеститори и претприемачи.

Сите македонски компании што сакаат да бидат дел од овој настан, може да се пријават за учество на линкот http://ceedglobalconference.com/. Повеќе информации кај Биљана Рамљак, bramljak@ceed-macedonia.org.

CEED е интернационална мрежа со седиште во Вашингтон, којашто ја гради претприемачката заедница и го зајакнува бизнисот овозможувајќи им на компаниите пристап до ментори, вмрежување, знаење и капитал што им е потребен за раст.

Денес CEED има преку 30.000 компании во својата глобална мрежа и работи во Македонија, Бугарија, Србија, Романија, Словенија, Косово, Албанија, Ерменија, Молдавија, Бангладеш, Мароко и Тунис.

Првиот CEED центар е отворен во Бугарија во 2005 година, додека Центарот за развој на претприемачи и менаџери (ЦЕЕД) Македонија е отворен во 2007 година.