10 големи компании заинтересирани за Чебрен и Галиште

94

Премиерот Зоран Заев рече дека за првпат има заинтересирано 10 големи компании за хидроцентралата Чебрен и Галиште.

“После 30 години зборување за овој проект да успее, ќе успее Чебрен, затоа што ја имаме најголемата француска, двете најголеми австриски, најголемата грчка, најголемата шпанска, една турска, две кинески и други европски компании, вкупно 10, од кои девет ја поминаа првата фаза. Проектот е вреден 800 милиони евра. Проектот е џиновски, го подигнува БДП, создава нова регионална батерија во делот на балансирањето на енергијата во целиот регион и огромно производство, преку 300 мега вати на хидро-енергија. Се работи за комплетно еколошки сработен проект“, рече премиерот Заев.

Тој информираше дека за ТЕЦ Неготино, “во почетокот на март месец ќе биде објавен повик за јавно приватно партнерство или за продажба, за да се стави во функција на природен гас и еколошка енергија“.

“Зацртавме еден по еден да ги затвораме блоковите што работат на јаглен и ќе успееме, следува прво Осломеј, па првиот блок во РЕК Битола“, најави премиерот Заев.

Фото: Freeoik