10 компании кои плаќаат најголем износ на дивиденда на акционерите

162

Според веб-страницата Interactive Investor, компанијата која исплатила најголем износ на дивиденди на акционерите во 2020 година е Microsoft. Технолошкиот гигант им исплати на акционерите вкупно 16.521 милијарди долари.

Она што е интересно е дека само две компании надвор од САД се меѓу десетте најголеми.

Microsoft

Microsoft развива, лиценцира и одржува софтвер, услуги, уреди и софтверски решенија ширум светот.

Минатата година на акционерите им исплати 16.521 милијарди долари дивиденда, а 19 години по ред успеваат да го зголемат овој вид на исплата. Во последната деценија Microsoft успеа да ги зголеми дивидендите со годишна стапка од 14,28%.

AT&T

Компанијата обезбедува телекомуникациски, медиумски и технолошки услуги ширум светот.

Компанијата исплати 14.956 милијарди долари дивиденда на акционерите минатата година. Оваа сума најверојатно ќе се намали во 2022 година, бидејќи компанијата планира да ги намали дивидендите преку обид да стане чисто телекомуникациска компанија преку одредени продажби и преземања на средства.

Exxon Mobil

Тие истражуваат и произведуваат сурова нафта и природен гас во САД и на меѓународно ниво. Компанијата исплати 14.865 милијарди долари дивиденда на акционерите.

Exxon Mobil ги зголемува дивидендите веќе 38 години по ред, со годишна стапка од 7,18 проценти во изминатата деценија.

Apple

Apple  дизајнира, произведува и продава паметни телефони, персонални компјутери, таблети ширум светот и продава различни поврзани услуги.

Компанијата исплати дивиденда на акционерите во износ од 14.081 милијарди долари во 2020 година.

Apple успеа да ги зголеми дивидендите 9 години по ред, со годишна стапка од 9,7 проценти во последните пет години.

JPMorgan Chase

Работи како компанија за финансиски услуги ширум светот во четири сегменти: банкарство за потрошувачи и заедници (CCB), корпоративна инвестициска банка (CIB), комерцијално банкарство (CB) и управување со средства и богатство (AVM).

Компанијата исплати 12.691 милијарди долари дивиденда на акционерите минатата година.

JPMorgan Chase остварува профит и успева да ги зголеми дивидендите 11 години по ред, со годишна стапка од 33,51 отсто во последната деценија.

China Construction Bank

China Construction Bank обезбедува различни банкарски и сродни финансиски услуги за поединци и корпоративни клиенти во Кина и на меѓународно ниво. Работи преку корпоративно банкарство, лично банкарство, трезорско работење и многу повеќе.

Банката на Кина исплати 13,196 милијарди долари дивиденда на акционерите за 2020 година.

Johnson & Johnson

Johnson & Johnson истражуваат и развиваат, произведуваат и продаваат низа здравствени производи ширум светот.

Компанијата исплати 10.481 милијарди долари дивиденда на акционерите минатата година.

Johnson & Johnson  е „кралот на дивидендите“ кој 59 години по ред успева да ги зголеми дивидендите, со годишна стапка од 6,55 проценти во последната деценија.

Verizon

На потрошувачите, бизнисите и владините организации ширум светот им нуди производи и услуги за комуникација, технологија, информации и забава.

Компанијата исплати 10.232 милијарди долари дивиденда на акционерите во 2020 година.

Verizon успеа да ги зголеми дивидендите 16 години по ред, со годишна стапка од 2,60 проценти во последната деценија.

Chevron

Се занимава со интегрирани енергетски, хемиски и нафтени операции ширум светот.

Компанијата исплати дивиденда на акционерите во износ од 9.651 милијарда долари во 2020 година.

Chevron успеа да ја зголемува дивидендата 34 години по ред, со годишна стапка од 6,21 отсто во последната деценија,пренесува Бонитет.

Taivan Semiconductor Manufacturining

Компанијата Taiwan Semiconductor Manufacturing произведува и продава полупроводници.

Таа им исплати дивиденда на акционерите во износ од 9.222 милијарди долари за 2020 година.