10 најбогати Американци: Цукерберг повеќе не е меѓу нив

154

Извршниот директор на Мета (поранешен Фејсбук), Марк Цукерберг отпадна од првите десет најбогати луѓе во САД, според Форбс.

Американскиот бизнис магазин објави нова листа на 400 најбогати луѓе во САД, во која се наведува дека Цукерберг изгубил повеќе од половина од своето богатство, во вкупна вредност од 76,8 милијарди долари, почнувајќи од септември 2021 година.

Според Форбс, ова е прв пат еден интернет-претприемач да доживее ваков пад од 2015 година, бидејќи од третата позиција падна на 11-то место.

Марк Згутович, аналитичар во компанијата за истражување и инвестициско банкарство, Benchmark, откри дека Фејсбук во моментов не заработува пари од рекламирање, што имало негативно влијание врз сопственикот на компанијата.

„Фејсбук најголемиот дел од парите ги заработува од рекламирање, а сега едноставно веќе ги нема тие приходи, барем не во онаа мерка што ја имаше порано“. Сите овие сигнали укажуваат дека огласувачите имаат проблем да кажат дали кампањата била успешна или не“, рече Згутовиќ.

Цукерберг првпат стана милијардер во 2008 година, само четири години по основањето на Фејсбук. На 23-годишна возраст, тој беше најмладиот само-направен милијардер во тоа време и дебитираше на 321-то место на Форбс 400, со богатство од 1,5 милијарди долари. Сепак, до 2011 година, нето вредноста на Цукерберг порасна речиси 12 пати на 17,5 милијарди долари.

Најбогат Американец на листата на Форбс е извршниот директор на Тесла, Илон Маск, чие богатство се зголеми за 11 отсто во текот на оваа година на околу 60,5 милијарди долари.

Вториот и третиот најбогати луѓе се Џеф Безос и Бил Гејтс, основачите на Amazon и Microsoft.

Еве ја целосната листа на 10-те најбогати Американци, со нивната нето вредност и тренд од година до денес:

1.
Илон Маск
Нето вредност: 251 милијарди долари (раст од 190,5 милијарди долари)

Извор на богатство: Тесла, Спејс X

2.
Џеф Безос
Нето вредност: 151 милијарди долари (пад од 201 милијарда долари)
Извор: Амазон

3.
Бил Гејтс
Нето вредност: 106 милијарди долари (пад од 134 милијарди долари)
Извор: Мајкрософт

4.
Лери Елисон
Нето вредност: 101 милијарди долари (пад од 117,3 милијарди долари)
Извор: Oracle

5.
Ворен Бафет
Нето вредност: 97 милијарди долари (пад од 102 милијарди долари)
Извор: Беркшир Хатавеј

6.
Лери Пејџ
Нето вредност: 93 милијарди долари (пад од 123 милијарди долари)
Извор: Гугл

7.
Сергеј Брин
Нето вредност: 89 милијарди долари (пад  од 118,5 милијарди долари)
Извор: Гугл

8.
Стив Балмер
Нето вредност: 83 милијарди долари (пад од 96,5 милијарди долари)
Извор: Мајкрософт

9.
Мајкл Блумберг
Нето вредност: 76,8 милијарди долари (раст од 70 милијарди долари)
Извор: Блумберг

10.
Џим Волтон
Нето вредност: 57,9 милијарди долари (пад  од 68,8 милијарди долари)
Извор: Волмарт

Фото: Facebook