10 најпродавани криптовалути минатиот месец

152

Минатиот месец забележан е импресивен раст на глобалниот крипто-пазар. Ова се случи по тешкиот септември и уште еден пад на цените на криптовалутите, по забраната за трансакции со криптовалути и рударење од страна на Централната банка на Кина, која ги прогласи сите дигитални монети за нелегални во земјата.

Од почетокот на октомври, некои од водечките светски дигитални монети не само што се вратија, туку достигнаа и нови рекордни врвови, додека нивниот месечен обем на тргување исто така остана висок.

Според податоците презентирани од BlockArabia.com, тетер, биткоин и етереум останаа најтргуваните дигитални монети во крипто просторот минатиот месец.

Список на 10-те најтргувани криптовалути во октомври:

Tether
Bitcoin
Ethereum
Binance USD
1inch Network
Litecoin
WETH
USD coin
Axie Infinity
XRP

Како најтргувана криптовалута во светот, тетер забележа пад на обемот на тргување од 20 отсто минатиот месец. Во септември најкористената стабилна монета во светот достигна 2,8 трилиони долари месечен обем на тргување, речиси три пати повеќе од второрангираниот биткоин.