10 совети за животот од Чарлс Буковски

174

bukovski

Фото: bukowski.net

Експлицитен и директен, поетот и раскажувач Чарлс Буковски ги сподели своите нефилтрирани ставови и мислења за се во животот. Тој често во своите дела ги опишуваше искуствата на потчинетите и девијантните луѓе во американскиот урбан живот и зад себе остави многу совети за тоа како треба и како не треба да се трошат деновите.

Еве неколку од неговите совети што ги објави Mind Openerz.

1. Не се задоволувај со малку

“Го сакав или целиот свет или ништо.”

2. Сакај се себе си

“Никогаш не сретнав друг човек да посакам да бидам како него.”

3. Живеј го животот со полни гради

“Не е страшна смртта, туку животите што луѓето ги живеат или не ги живеат до својата смрт.”

4. Не се плаши од болката. Без неа, не можеш да доживееш среќа

“Треба да умреш неколку пати пред да почнеш вистински да живееш.”

5. Биди уникатен и бесрамно изразувај се во се што работиш

“Подобро е да работите нешто досадно со стил, отколку нешто опасно без стил.”

6. Посилен си од што мислиш

“Понекогаш стануваш од кревет и си помислуваш ‘нема да успеам’, но се смееш во себе, потсетувајќи се колку пати си го помислил тоа”

7. Не се плаши од смртта

“Ја носам смртта во левиот џеб. Понекогаш ја вадам и и велам ‘Како си? Кога ќе дојдеш по мене? Ќе бидам подготвен…’.”

8. Верувај во себе

“Проблемот со светот е во тоа што интелигентните луѓе се полни со сомнеж.”

9. Постојат многу полоши работи од осаменоста

“Има полоши работи во животот од осаменоста, но често се потребни децении да го сфатиме тоа. Тогаш веќе е предоцна, а нема ништо пострашно од ‘предоцна’.”

10. Животот се случува, не го сфаќај секогаш толку сериозно