100 милиони работници ќе мора да го сменат занимањето до 2030 година. Кои се првите на удар?

72

Според студијата на консултантската компанија McKinsey, која опфати осум големи економии – Кина, САД, Индија, Велика Британија, Франција, Шпанија, Германија и Јапонија – вкупно 100 милиони работници ќе мора да го променат своето занимање до 2030 година.

Според истражувањето, ќе се зголеми побарувачката за работници со повисоки квалификации, како што се здравствените работници, СТЕМ професиите (наука, технологија, инженерство, математика) и слично, додека побарувачката за работници со средна и ниска квалификација, како што се работниците во производството или угостителска индустрија, ќе се намали, пишува Telegram.

Ќе се намали и побарувачката за поедноставни канцелариски работни места. А особено би можеле да се бараат оние кои работат на работни места поврзани со зелена економија, ветерници, соларни панели и слично, со оглед на тоа што најразвиените земји планираат големи инвестиции во таа област.

Повеќето развиени економии се соочуваат со стареење на населението, така што не е тешко да се предвиди дека побарувачката за медицински персонал, негувателки, домашни помошници и сите други професии поврзани со помош на стари лица ќе продолжи да расте во иднина.

Дополнително, McKinsey анализираше 2.000 задачи на околу 800 работни места во осум набљудувани земји и дојде до заклучок дека во напредните економии, околу четвртина од работната сила може да работи од дома во опсег од три до пет дена во неделата.

Се разбира, има работни места каде што можноста за работа од далечина е многу мала и обично тоа се послабо платени работни места кои се ранливи на автоматизација. Но, хибридната работа, комбинација од работа во канцеларија и од дома, ќе стане вообичаена за голем број работници, пишува Telegram.

Фото: Pixabay