148 милиони денари за развој и промоција на туризмот за оваа година

22

ohridВладата одвои вкупно 148 милиони денари за развој и промоција на туризмот во 2013 година. Ова се за 2,5 пати повеќе средства од лани, кога беа проектирани 60 милиони денари.

Привлекувањето странски туристи ќе се субвенционира со еден милион евра, додека 53 милиони денари ќе бидат наменети за конвенционално промовирање на Македонија како атрактивна туристичка дестинација. Електронската промоција, пак, на интернет, преку социјалните мрежи и веб порталите, ќе биде поддржана со пет милиони денари. Со ова се става акцент на помладата популација која главно се информира на ваков начин.

Согласно Програмата што е веќе усвоена од Владата, Агенцијата за промоција на туризмот е обврзана годинава да овозможи претставување на земјата на 18 најголеми саемски манифестации, во Москва, Виена, Турција, Индија, Кина, САД, регионот…

Со Програмата не се предвидени средства за развој на спа туризмот зашто конкретни суми и чекори во оваа насока реализираат релевантните министерства.