20 години Рептил Маркети: Квалитетна и искрена услуга е нашиот најголем адут

534
Picture-023-493x370
Звонко Блажески, комерцијален директор на Рептил Маркети

Компанијата Рептил е основана во 1996 година како мал семеен бизнис во Скопје. Од продавница со само неколку вработени, денес има ланец од десет маркети и 250 вработени. Оваа година слават 20 години постоење, а за почетоците, развивањето и растењето на бизнисот, новитетите, плановите, зборувавме со комерцијалниот директор, Звонко Блажески.

БИ: Неодамна го отворивте десеттиот маркет во Скопје. Кога и како почна приказната за Рептил маркети?

Д.П.Т.У Рептил ДООЕЛ е основана во 1996 година како мал семеен бизнис во Скопје. Од продавница со само неколку вработени, денес има десет маркети и 250 вработени. Оваа година ни е и јубилејна – 20 години постоење. Сите овие години Рептил се развива и работи за постојано подобрување на квалитетот и услугата. Мислам дека можеме да се истакнеме како единствен ланец на маркети во градот кој ја продолжува традицијата и гарантираме топла и искрена услуга за секој купувач. Рептил маркетите ја имаат најдобрата услуга во градот!  Услугата е секогаш професионална и вработените се љубезни, топли и пријателски настроени. Нашето мото не е случајно: Пазарете со срце и задоволство. Накратко, секојдневно се трудиме да изградиме доверба со потрошувачите.

БИ: Кои брендови можат да се најдат само во вашите маркети? Со што се разликувате од останатите маркети?

Денешните купувачи имаат преголем избор, самото постоење на избор ги едуцира и затоа нормално е да бараат дополнителна вредност за своите пари. Поради тоа важни се услугата, достапноста на персоналот, изборот на производи од различни брендови, акции, промоции и награди за купувачите кои се на дневно ниво, неделно, па дури и месечно. На тој начин нашите купувачи добиваат повеќе при секое влегување во некој од нашите маркети.

Кампањите за лојалност се исто така дополнителен плус. Сметам дека оваа бенефиција навистина понекогаш е пресудна за потрошувачот да го избере нашиот маркет, особено кога нудиме одредена промоција на производи кои во моментот им се потребни на потрошувачите.

Рептил Маркетите располагаат со широк асортиман на брендови. Понудата на брендови треба да биде поголема и поразновидна, цените треба да бидат прифатливи за стандардот на локалното население и треба да постои дополнителна вредност за редовните потрошувачи.

reptil3

БИ: Какви поволности им нудите на Вашите купувачи?

Освен услугата како најголем адут, нашите маркети се познати по големиот и квалитетен асортиман на производи. Разумните цени се уште една наша одлика, дополнително и преку бројните неделни акции, сезонски намаленија и нашиот клуб на попусти – Клуб Рептил. Клуб Рептил производите се одбрани како најпотребни за целото семејство, а намалувањето е до 10%. Нашиот клуб на потрошувачи е уникатен бидејќи попустот веднаш му е даден на потрошувачот и на фискалната сметка веднаш гледа колкава му е заштедата, со никакви дополнителни услови.

Истовремено вршиме и дистрибуција на стока на големо за потребите на јавни и приватни компании. Новитет во нашето работење е доставата на производи до компаниите во Скопје по цени од полица.

БИ: Каква е конкуренцијата на пазарот? Според стандардот на граѓаните и нивните навики, кои се поконкурентни, малите или големите?

reptil2Секојдневно има отворање на нови маркети, супермаркети, дисконти – од нови брендови или од веќе постоечки брендови на супермаркети. Дополнително, во време на голема конкуренција, ова претставува уште поголем предизвик, меѓутоа, од друга страна, нема поголема сатисфакција од моментот кога потрошувачите го препознаваат и му веруваат на еден бренд или пак го препорачуваат на други лица.

Малите и средни бизниси стануваат сè поважни во нашето општество како место каде се создаваат нови можности за вработувања и се клучни чинители на добросостојбата на локалните и регионалните заедници. Малите и средни бизниси беа и останаа, сè до денес, главниот генератор за нови работни места за младите и старите генерации. Денес малите и средни претпријатија во сè поголем број земји се клучни за економскиот развој. Тие ја стимулираат иницијативноста, иновациите и воопшто, претприемачкиот дух. Нивните карактеристики им овозможуваат да бидат многу пофлексибилни во однос на големите компании. Затоа сè понагласена била стратегиската важност на малите и средни претпријатија во креирањето нови работни места, поттикнувањето конкуренцијата на пазарот, создавањето додадена вредност, придонесот за надворешната трговија и др.

Она што нè разликува од конкуренцијата е што ние обрнуваме особено внимание на услугата. Сите вработени во Рептил гарантираат дека ќе бидат присутни за нашите купувачи и ќе се однесуваат љубезно, топло, пријателски и соседски. Нашата услуга е секогаш изведена доследно и професионално. Нашите купувачи доаѓаат од непосредната близина околу нашите маркети и тие можат да уживаат во нашата услуга со претходно наведените карактеристики секогаш и во секое време.

БИ: Многу вложувате во развој на своите вработени. Што е она што еден добар вработен треба да го има како особина?

Услугата е нашиот приоритет бр.1, па затоа нашите вработени треба да ги сакаат луѓето, да бидат комуникативни и услужувањето треба да им биде задоволство. Ние сме секогаш отворени за вредни, услужливи и културни работници кои ја знаат и ценат добрата услуга. Вработени во нашите маркети секојдневно остварат контакт со голем број на купувачи, па затоа работењето кај нас пред сè претставува комуникација, задоволство и насмевка.

Наша цел е секој купувач да излезе задоволен по пазарувањето во нашите маркети. Вложуваме голем број на ресурси во обуката на сите наши вработени при што добиваат поголеми знаења, вештини и способности.  Како што веќе наведов, нашето мото не е случајно: Пазарете со срце и задоволство. Гарантираме дека нашата услуга ќе биде топла, соседска и срдечна и дека ќе излезете задоволни при секое ваше пазарување.

Грижата за вработените ја докажуваме и потврдуваме постојано, преку разни начини, доделуваме пофалници и парични награди за најдобрите вработени. Добрите меѓучовечки односи и грижата за секој вработен поединечно создаваат позитивна атмосфера во работењето.

ALK_4163-580x387

БИ: Како ја оценувате бизнис климата во земјава?

Со цел да се подобри бизнис опкружувањето во Република Македонија, потребно е постојано да се преземаат соодветни мерки кои ќе ја зголемат претприемачката активност на државата, а со тоа да се придонесе кон намалување на невработеноста и зголемување на економскиот раст. Во доменот на промоцијата на развојот на мали и средни бизниси, поддршката од централната власт е многу потребна и важна.

БИ: Дали планирате да се ширите и во други градови во Македонија?

Примарната цел на Рептил Маркетите е задоволување на потребите на купувачите. Во последно време постои тренд локалните маркети од одреден град во Македонија да се прошируваат кон други градови во Македонија. Менаџирање на маркетите претставува сериозна и одговорна работа, која бара одлични координациски, менаџерски и логистички вештини, сè со цел потрошувачите, без оглед дали пазарат во Скопје или во друг град, да добијат квалитет во секој поглед. Ние сме компанија во прогрес која постепено, но сигурно се шири. Поради таа причина, a бидејќи не можеме да постигнеме физички да се прошириме локално и меѓуградски, одлучивме да направивме онлајн продавница www.marketonline.mk, преку која ќе бидеме достапни за сите потрошувачи во Македонија и пошироко.