20% од рестораните во Бугарија банкротираа

36

Околу половина од сите ресторани во Бугарија се отворени, додека околу 20% од нив банкротираа поради кризата предизвикана од пандемијата од коронавирус, изјави претседателот на локалната организација на ресторани, Ричард Алибегов.

Според Радио Бугарија, дозволата за работа за затворените ресторани ќе ја олесни ситуацијата, а Алибегов проценува дека бројките би биле уште полоши ако државата не преземеше мерки за помош на угостителите.

“Туристичката сезона веројатно ќе пропадне, но ние правиме се што е можно за да го спасиме она што може да се спаси“, изјави Алибегов.

Додаде и дека организацијата на угостители во моментов има за цел да го намали ДДВ-то за рестораните од 20 на 9%, со цел да ги зголеми платите на вработените, со што ќе ги задржи во секторот.

Рестораните, баровите и кафулињата во Бугарија беа затворени за време на двомесечната вонредна состојба прогласена на 13-ти март, а на угостителите од 5 мај им е дозволено да ги користат своите отворени места и градини, во согласност со мерките на претпазливост кои вклучуваат зголемено растојание помеѓу маси, дезинфекција на простор и носење маски.

Затворените делови на рестораните и кафулињата во Бугарија ќе можат да се користат од први јуни.

Фото: Pixabay