Турција планира над 40 милијарди долари заработка од туризам за оваа година

55

Турција планира оваа година да привлече 58 милиони странски туристи и се надева дека ќе оствари над 40 милијарди долари приходи по основ на туризам, пишува Хуријет.

Според турскиот министер за туризам, Мехмет Нури Ерсој, во 2019 година неговата земја ја посетиле 51 милион туристи, што донесе приходи од околу 34 милијарди долари.

Планот е до 2023 година, бројот на странски туристи во земјата да надмине 75 милиони, а приходите да бидат повисоки од 65 милијарди долари.

“Ќе мора да ги прошириме туристичките активности во сите 80 провинции во Турција… Имаме гости од Русија што ја посетиле Анталија веќе 40 пати, по што ќе им стане здодевно. Мора да ги промовираме и другите региони во земјата“, додава тој.

Најголем дел од странските туристи во Турција се токму од Русија и сочинуваат 16% од вкупниот број гости од странство. Потоа следуваат гостите од Германија со 11,% и Британци со 5,8%.

Фото: Pexels