Ресторан во Хелсинки произведува нула отпад

32

Патиштата на тројца готвачи од различни земји од Европа – Шпанија, Португалија и Србија, им се вкрстија во финската престолнина Хелсинки.

Алберт Франк Сунер, Карлос Енрикес и Лука Балач во исто време работеле во еден од најдобрите тамошни ресторани и заедно сонувале да започнат сопствен бизнис. Од таа идеја произлегува ресторанот Nolla.

Концептот што важи за овој ресторан е нулта производство на отпад, што се крие и во самото име – nolla, што на фински значи нула.

“Фрустрациите од ресторанот каде што работевме претходно нè натера од самиот почеток да стоиме зад одлуката што ја донесовме. Иако за нас zero waste е цел од првиот ден, ние секојдневно учиме од нашите грешки“, вели Лука за energetskiportal.rs.

До таа мера го имплементираат концептот што дури ниту во кујната немаат канта за отпадоци. Сите отпадоци се компостираат во модерна машина или им се враќаат на добавувачите.

Фото: Pexels