Инкасирани 51,5 милиони долари од извоз на вино во 2020 година

76

Македонија е 27-ма земја во светот по извоз на вино, чија вредност минатата година достигна 51.576.000 долари, што е за 0,5% помалку во однос на 2019 година.

На глобално ниво, извозот на вино во 2020 година бее 34,1 милијарда долари или 4,8% помалку одошто една година претходно.

Петте најголеми извозници (Франција, Италија, Шпанија, Австралија и Чиле) покрија 70,8% од вкупниот извоз, покажуваат податоците на World’s top exports.

Франција е лидер со 29,2% удел во вкупниот извоз што на земјата ѝ донесе 10 милијарди долари.

Меѓу 10-те најголеми извозници на вино лани беа: Италија (7,2 илијарди долари), Шпанија (3,1 милијарда долари), Австралија (2,1 милијарда долари), Чиле (1,8 милијарди долари), САД (1,3 милијарди долари), Нов Зеланд (1,3 милијарди долари), Германија (една милијарда долари), Португалија (968 милиони долари) и Аргентина (780 милиони долари).

Од земјите во регионот, најголем извозник е Грција со 80,7 милиони долари. Потоа следат: Бугарија (34,8 милиони долари), Словенија (18,9 милиони долари), Србија (17,6 милиони долари), Хрватска (14,3 милиони долари) и Црна Гора (12,5 милиони долари).

Фото: Pexels