3,5 милиони мејлови се праќаат секоја секунда, доволен е само еден да го уништи вашиот бизнис

31

Kaspersky Security за Microsoft Office 365 е значително поефикасна од стандардната заштита во Office 365, докажано преку независни тестирања. Овозможува безбедна комуникација, без да влијае на продуктивноста.

Kaspersky Security за Microsoft Office 365 користи напредно хеуристичко, машинско учење и други технологии од следната генерација за заштита на е-пошта од спам, фишинг, малициозни прилози и непознати закани.

Како и Microsoft Office 365, тој е хостиран во облак. И како и сите решенија на Kaspersky Lab, базиран на најтестирани, најнаградувани решенија тој нуди:

  • Откривање и блокирање на спам, заштедувајќи време и ресурси – со стапка на ефикасност од 99,8%, повисока од основната вградена безбедност на Office 365 *
  • Заштита од малициозен софтвер, малициозни URL адреси, фишинг и малициозни прилози – 99,6% стапка на откривање на малициозни датотеки (тестирано од Virus Bulletin)
  • НОВО! Скенирање на поштенско сандаче на барање, за уште поголемо спокојство
  • НОВО! Заштитата на кориснички групи, со што се елиминира потребата од рачно да проверување на стотици поединечни поштенски сандачиња
  • Администраторска контрола на сомнителни пораки
  • Бришење на несакани прилози и масовни пораки

Едноставен за користење: нема дистрибутивни инсталации, нема дополнителни ресурси, хардвер и не е потребна обука.

Пробајте го денес и проверете како новата верзија на Kaspersky Security за Microsoft Office 365 може да го одржи протокот на комуникација и ја чува вашата компанија заштитена од сајбер напади. Генерален застапник за Kaspersky Lab веќе 17 години e Кабтел, водечка компанија за ИКТ решенија во Македонија. Повеќе информации на 3103-235 или на kaspersky@kabtel.mk.