30 милиони евра – почетен капитал за ToMontenegro

90

Црногорскиот министер за финансии, Милојко Спајиќ, соопшти дека неговата влада за основање на новата авиокомпанија ToMontenegro, уплатила четири милиони евра.

Почетниот капитал за ToMontenegro, според него, ќе биде 30 милиони евра.

“Новата година ја почнавме со добри вести. За помалку од еден месец, новата влада со рационализирање на досегашното недомаќинско трошење од четири милиони евра почна основање нова авиокомпанија ToMontengero, којашто како почетен капитал ќе има вкупно 30 милиони евра“, рекол Спајиќ.

Основач на ToMontenegro е црногорската влада со удел од 100%, а основна дејност ќе ѝ биде превоз на патници по воздушен пат на редовни линии, со утврден ред на летање; чартер летови; летови заради панорамско разгледување; изнајмување воздухопловна опрема; превоз на патници од аероклубови заради обуки или забава, пренесуваат црногорските медиуми.

Фото: Freepik