3D Housing 05 – печатена куќа во 3D техника

65

Фото: Youtube

Градежната компанија Arup и архитектонското студио CLS Architetti креираа куќа печатена со 3D техника, за само една недела. Куќата се наоѓа на плоштадот во Милано, Италија, а зафаќа површина од 100 метри квадратни, пишува Dezeen.

Градбата, чие име е 3D Housing 05, целосно е опремена со дневен простор, спална соба, кујна, бања и тераса на покривот. Заоблените ѕидови на куќата ги испечати робот, а за материјал беше користен рециклиран бетон. За изработка на еден ѕид на подвижниот робот му требаа од 60 до 90 минути.

Машината е дизајнирана од Cybe Construction – компанија за 3D печатење од Холандија. Цената за еден квадратен метар направен со овој вид на техника чини 1.000 евра или половина од просечната цена потребна за традиционална конструкција.