3D печатени гуми за велосипед што никогаш не се издишуваат

41

Фото: Youtube

Компанијата BigRep создаде 3D печатени гуми за велосипед коишто веќе ја имаа својата прва проба во Берлин, Германија. Безвоздушните гуми се направени од PRO FLEX – нов термопластичен еластомер кој внесува флексибилност во 3D печатењето.

PRO FLEX е отпорен на високи температури, издржлив е на удари и има одлични динамички својства, пишува Inhabitat.

Освен за велосипедски гуми материјалот може да се примени и кај тркала на скироли и ѓонови на патики. Флексибилноста на PRO FLEX е тоа што овозможува функционирање кај безвоздушните гуми.

Корисниците можат да ги печатат и подесат гумите за разни потреби како: планинско возење, возење по патеки и справување со различни временски услови.