5 типови на шефови за кои никогаш не би сакале да работите

235

Никој не сака да биде познат како лош лидер на бизнис тим, а уште помалку сакаме да работиме за него. Експерт од Харвард разви водич за нивно идентификување и избегнување.

Бил Џорџ, постар соработник на бизнис школата на Харвард и поранешен извршен директор на компанијата за медицинска технологија Медтроник, ги проучува неуспесите на деловните лидери речиси 20 години. Шефовите, изјави Џорџ за CNBC Make It, се осудени на пропаст кога ќе го изгубат својот компас. Притоа, Џорџ се осврнува на нивните верувања, вредности и лидерство. Овие квалитети им помагаат на луѓето да донесат добри одлуки и да бидат ефективни лидери, објаснува Џорџ и посочува дека овие квалитети ве прават автентични, а во човечката природа е да сакате да ги следите автентичните лидери.

Губењето од вид на сопствените вредности нема никаква врска со тоа колку сте паметни, забележува Џорџ. Тоа се случува кога ќе се одвлечете од надворешни мотиви како пари, слава и моќ, а сето тоа на сметка на вашиот морален компас.

Ова се тие типови на шефови за кои Џорџ тврди дека сигурно ќе пропаднат:

Позери
Позерите немилосрдно се борат да стигнат до врвот на организациите, „купувајќи“ го нивното место со шарм и атрактивни идеи. Но, кога ќе стигнат до врвот, немаат идеја како да водат ефективно бидејќи им недостига чувство за самосвест.

Овие шефови не се свесни за сопствениот карактер, постапки или чувства – и им е тешко да разберат како другите луѓе ги гледаат, објаснува Џорџ. И тоа е проблемот: самосвеста им помага на шефовите да разберат што е добро, а што лошо во нивното лидерство. Тоа им покажува како нивните постапки можат да им помогнат или да им наштетат на вработените, што можат да подобрат за поефикасно да го водат својот тим.

Алиби шефови
Овие шефови секогаш сакаат да изгледаат како да имаат контрола над сè што прават, но во исто време тие се мајстори за негирање кои никогаш не се подготвени да ги признаат своите грешки и да учат од нив. Наместо рационално да гледаат на своите грешки, тие често ги обвинуваат другите за нив.

Трагачи по слава
-Трагачите на слава ја дефинираат својата вредност врз основа на сумата на пари што ја заработуваат, колку позитивни приказни добиваат во медиумите и колку наслови можат да соберат. Нивниот приоритет е личната слава и богатството над градењето организации со трајна вредност. Никогаш не се вистински задоволни со тоа што го имаат – објаснува Џорџ.

Осаменици
Осамениците  избегнуваат да воспоставуваат блиски врски и мрежи за поддршка. Тие мислат дека можат сето тоа да го направат сами и често ги отфрлаат повратните информации или советите што ги добиваат од вработените, членовите на одборот и менторите. Како резултат на тоа, тие се склони кон грешки и ги поставуваат своите организации за неуспех.

Ѕвезда што паѓа
Овие често го менуваат своето работно место, организација или цел без да одвојат време да учат од своите грешки.

-Стратегијата им помага брзо да напредуваат, но не се во состојба да водат. На крајот брзо пропаѓаат и горат – вели Џорџ.