50 врвни говорници и 400 делегати на Самитот Македонија2025

20

1

Голема заинтересираност меѓу бизнис професионалците за учество на шестиот Самит Македонија2025 на којшто се најавени да учествуваат 50 врвни говорници од 25 земји, 400 делегати и 50 акредитирани медиумски претставници, стои во соопштението.

На отворањето на настанот ќе се презентираат успешните економски модели на Сингапур и Ерменија преку излагањата на исклучителните Суан Хианг Ли, претседател на Бордот за економски развој во Сингапур и Пјер Гурџијан, партнер во ерменско – руската фондација за економски развој.

Потоа ќе се дискутира за можноста тие најдобри практики да се применат во Македонија и регионот, на сесијата предводена од Зоран Мартиновски, раководител на МФК Корпорацијата на Светската банка за Македонија и Црна Гора и Ана Арсов, извршен директор во тимот на американските финансиски институции на Мудис.

Настанот стана водечка регионална платформа за споделување на последните трендови од бизнисот, лидерството и иновациите.