65,5% од енергијата во земјава лани е обезбедена од увоз

Според податоците на Државниот завод за статистика во 2024 година, 65.5 % од вкупната потребна енергија е обезбедена од увоз.

Вкупната потребна енергија во 2024 година изнесува 2 541 849 тони нафтени еквиваленти (toe). Во структурата на оваа потрошувачка, најголемо учество имаат:
  • Нафтените продукти со 44.7 % и
  • Цврстите горива со 24.9 %.
Во 2024 година, бруто-примарното производство изнесува 842 142 toe, што претставува намалување од 10.6 % во споредба со 2023 година. Најголемо намалување е забележано кај лигнитот, со пад од 20.9 % и хидроенергијата од 15.8 %, додека најзначително зголемување од 140.0 % е евидентирано кај соларната електрична енергија.
Финалната енергетска потрошувачка во 2024 година изнесува 1 859 697 toe, при што енергијата е распределена по сектори на следниот начин:
  • Сообраќај – 47.6 %
  • Домаќинства – 26.1 %
  • Индустрија – 16.9 %
  • Останати сектори – 8.4 %.
Во 2024 година:
  • Учеството на обновливата електрична енергија во бруто-производството на електрична енергија изнесува 39.4 %, а во бруто-домашната потрошувачка на електрична енергија изнесува 35.4 %.
  • Потрошувачката на електрична енергија во домаќинствата изнесува 1 727 KWh по жител на годишно ниво.