Грчкиот фонд за приватизација објави дека по 15 години пауза склучи меѓународен договор за давање под концесија земјиште на островот Крф што е во сопственост на државата.
“Одборот на Hellenic Republic Asset Development Fund ја прифати обврзувачката понуда на групата NCH Capital”, стои во соопштението, пренесува Лидер.
Во соопштението се наведува дека фондот од инвестициската група со седиште во Њујорк ќе добие 23 милиони евра за 99 годишна концесија на земјиште покрај море, во близина на местото Касиопи.
Инвеститорите ќе можат да експлоатираат околу 36.000 од вкупно 490.000 метри квадратни, а државата ја задржува сопственоста над земјиштето.
Приватизацијата е клучна компонента на реформите кои се очекуваат од Грција во замена за виталните кредити на Европската унија и Меѓународниот монетарен фонд (ММФ).
Програмата за приватизација на Грција доцни. Во јануари пропадна обидот да се приватизира банката Hellenic Postbank поради недостаток на интерес.