Ако се спроведе проектот за трансформирање на напуштените пруги во Србија, постои можност во оваа земја да се поттикне развој на нов вид туризам преку немоторизиран или таканаречен зелен сообраќај.
Идејата е на архитектот Александра Станојловиќ од Панчево, Мирко Радованац и Слободан Росиќ од Белград, јавува РТВ Панчево.
“Со овој проект сакаме да ги развиеме пругите во Србија што се потполно напуштени и заборавени. Ги мапиравме сите напуштени пруги во Србија, што се околу 1.300 километри и ги презентиравме можностите за нивно повторно користење преку немоторизиран т.е. зелен сообраќај, од велосипедизам, пешачење, до јавање. На места каде што не може да се вози велосипед, може да примени моделот шиноцикл, односно возење на трицикл или квадроцикл”, вели Станојловиќ.
Во Европа веќе одамна напуштените пруги се користат како велосипедски патеки или за нордиско скијање.