Не се јавувај – регистар на броеви на коишто трговците не смеат да вршат продажба по телефон во Хрватска

55

Detail of a hand using a phone keypad

Во текот на 2016 година во Хрватска ќе биде воспоставен регистар на потрошувачи – Не се јавувај, соопшти Хрватската регулаторна агенција за мрежни дејности (ХАКОМ).

Сите претплатници на телефонски услуги, доколку сакаат, ќе може да ги впишат нивните броеви во регистарот, па трговците кои се занимаваат со продажба и маркетинг преку телефон веќе нема да смеат да им се јавуваат или да им испраќаат пораки.

Регистарот – Не се јавувај се очекува да почне да функционира во втората половина на 2016 година.

Хрватска, заедно со овој регистар, планира да воведе законски измени со кои што ќе се обезбеди поголема заштита на корисниците на електронски комуникации, особено на постарите лица кои се покажале како најранлива категорија на потрошувачи преку телефонска продажба.