SAM – робот што ѕида тули три пати побрзо од градежниците

121

SAM_Top_of_Building

SAM (semi – automated mason) е робот што ѕида тули три пати побрзо одошто градежните работници, пишува Arch Daily.

Роботот е програмиран да може самостојно да нанесува малтер и тулите ги реди милиметарски точно.

“Според проектот, прозорецот треба да стои, на пример, на 70 сантиметри од столбот, но тоа во пракса и не е баш едноставно. Ѕидарите знаат како да го решат тој проблем, а ние дизајниравме робот што ќе знае веднаш да ги решава овие проблеми“, вели Скот Петерс од Универзитетот МИТ, во чии лаборатории е дизајниран SAM.

SAM.1x519

Еден ѕидар во просек може да изѕида од 300 до 500 тули дневно, додека роботот SAM може да постави од 800 до 1.200 тули.

Во текот на работата, роботот не може самостојно да ги извршува сите операции. Во работата му е неопходен надзор, а помош од ѕидарите добива кога треба да се постават тули на проблематични места, како што се аглите од објектите.