Co50 Valkyrie – новата “играчка” на милионерите

110

luxury_jets_cobalt_co_50_valkyrie_intro__1__600x450Компанија за изработка на приватни авиони од Сан Франциско, Cobalt, работи на еден џет којшто наликува на воен авион, но е наменет за приватни потреби, пишува Luxpresso. Футуристичкото летало се смета за најбрзиот и најбезбедниот авион во приватната авијација.

За да го дизајнира Co50 Valkyrie, Cobalt потроши 10 години во истражување и креирање, а самиот авион е идеја на извршниот директор на компанијата Дејвид Лури. Досега се направени пет вакви прототипа за тестирање, а компанијата се надева дека наскоро ќе добие сертификат од Федералната администрација за авијација на САД.

Луксузниот џет развива брзина од 300 километри на час, што е побрзо од сите модели во таа класа. Може да пренесува пет патници, вклучувајќи го и пилотот, има дополнителен простор за багаж, а кожните седишта се рачно шиени од поранешен вработен во Hermès.

Неговата цена изнесува 695.000 долари, а ќе биде достапен на пазарот во 2017 година.

luxury_jets_cobalt_co_50_valkyrie_intro__2_2luxury_jets_cobalt_co_50_valkyrie_intro__6_luxury_jets_cobalt_co_50_valkyrie_intro__4_luxury_jets_cobalt_co_50_valkyrie_intro__3_1