Клубот на Бизнис ангели на ЦЕЕД Македонија стана дел од интернационалната мрежа EBAN

68

sl-580x580

Клубот на Бизнис ангели на ЦЕЕД Македонија стана дел од интернационалната мрежа на бизнис ангели EBAN.

EBAN (European Business Angel Network) е пан-европски претставник на заедницата инвеститори во бизниси што се во рана фаза од развојот и брои 170 огранизации членки во 59 земји. Основана е во 1999 година од група мрежи на бизнис ангели во Европа, во соработка со Европската комисија и EURADA. EBAN се проценува дека инвестира 7,5 милијарди евра годишно и игра важна улога во иднината на Европа, во поглед на финансирањето на малите и средните претпријатија.

CEED Macedonia Business Angels Club (CEED BA Club) е формиран како подклуб на членовите на CEED Business and Learning Club – Gold, во ноември 2013 година и е меѓу првите клубови од ваков вид во Македонија. Во клубот моментално членуваат 16 претприемачи кои се подготвени да инвестираат во бизнис идеи или во постоечки бизниси, доколку идентификуваат потенцијал за раст, иновации и слично.

Првите бизнис идеи пред членовите на клубот беа презентирани на 2 април 2014 година. По едногодишното постоење на CEED Macedonia Business Angels Club, во месец декември 2014 година беше направена првата инвестиција. Втората инвестиција беше направена во мај 2015 година, а во фаза на разгледување се уште четири потенцијални идеи.