Facebook Sports Stadium – нова функција за љубителите на спортот

47

sports stadium

Најпознатата социјална мрежа нуди нова опција – Facebook Sports Stadium, наменета за сите љубители на спортот, пишува на Facebook newsroom.

“Со 650 милиони спортски фанови, Facebook е најголемиот стадион во светот. Луѓето и сега го користат Facebook да споделуваат, коментираат и да пишуваат за одредени спортски настани. Сега има место што е посветено на спортот, па корисниците ќе имаат чувство како во живо да следат некој натпревар иако не се заедно“, пишува на Facebook newsroom.

Sports Stadium хронолошки и во реално време ќе ја прикажува целокупната содржина поврзана со спортските натпревари. News feed ќе ги содржи постовите и коментарите на пријателите, спортските коментатори и новинари со пристап до нивните страници, информации за натпревари, резултати, статистики и слично.