Голема распродажба во Скопје Сити Мол

69

image-bf73ceb5cdb48713840edda30b17bb916a083877aec3ffc0159589f02c4b04da-V

Трговскиот центар Скопје Сити Мол од 26-ти јануари до 14-ти февруари ќе им овозможи едно поинакво шопинг искуство на посетителите каде своите омилени производи во повеќето од продавниците во молот ќе можат да го купат на попуст, се вели во соопштението.

Повеќето продавници во овој трговски центар имаат зимска распродажба, а како изненадување за граѓаните е т.н. Pop – Up Store лоциран на влезот од Сити Мол во којшто неколку брендови имаат екстра попусти и до 80 %.

Pop – Up Store-от, којшто оваа година е новитет во шопингот во Македонија, се наоѓа на влезот од улицата Манапо и секој ден до 14-ти февруари ќе има распродажби за сечиј вкус. Од 26-ти јануари до 29-ти февруари Sport Vision ќе понуди спортска опрема од познатите светски брендови по outlet цени.

Од 30-ти јануари до 2-ри февруари UrbanXStore ќе ја понуди својата колекција на спортска опрема и чевли на голем попуст, додека од 3-ти до 5-ти сите оние кои сакаат да купат мебел и книги ќе можат да го направат тоа во Pop – Up Store-от каде тие денови ќе изложуваат JYSK и книжарница Икона. Распродажбата на долна облека ќе се случува од 6-ти до 9-ти февруари и тоа ќе го направи Penti, додека Adams Shoes од 10-ти до 14-ти февруари ќе ги изненади сите посетители со големите попусти на својата колекција чевли.