Во центарот на Лондон покрај реката Темза е поставена куќичка на дрво, чија цел е промоција на Јужна Африка, пишува Design Boom.
Луксузната куќичка е висока 10,6 метри, а нејзината внатрешност е исполнета со детали од Африка, коишто на посетителите им оставаат впечаток како да се наоѓаат на тој континент.
За дизајнот на необичната куќичка, поставена на платформа од имитација на дрво, се погрижи Хуберт Зандберг во соработка со Virgin Holidays.
Посетителите, освен во ентериерот, можат да уживаат и во автентичните специјалитети што ги подготвува готвачот Петрус Мадутлела.