Општините Неготино и Алмопиа заеднички ќе развиваат пчелни производи

50

Во рамки на програмата ИПА за прекугранична соработка меѓу Грција и Македонија и проектот Поддршка и развој на економијата на пчелни производи во прекуграничната област, денеска во просториите на општина Неготино се одржува втората проектна координативна средба меѓу двата проектни партнера, општина Неготино и општина Алмопиа, пишува Миа.

Како што рече градоначалникот Ванчо Апостолов, средствата од проектот вреден 272.489 евра се наменети за општина Неготино. Од нив 85% обезбеди ЕУ, а 15% се од национално кофинансирање, додека општината партнер Алмопија на располагање има 268.145 евра.

“Проектот е насочен кон поврзување на двете општини во делот на економскиот развој на пчелните производи, фокусирајќи се на поддршката на пчеларите од неготинска општина. Еден дел од средствата  ќе бидат наменети за изградба на 400 метри делница од новиот пат од Горни Дисан до Вешје чија изградба е во тек,“ рече Апостолов.

Градоначалникот на општина Алмопија Димитрос Мпинос ја поздрави заедничката соработка и истакна дека дел од проектните активности се веќе реализирани. Нагласи дека оваа дводневна работна средба во Неготино ќе се искористи за спроведување и на нови проектни активности,  кои ќе придонесат за напредок на проектот.