Lumir C е лед ламба што не користи електрична енергија или батерија за да може да ослободува светлина. За да може да свети Lumir C користи мала обична свеќа.
Оваа ламба може да се користи било каде бидејќи не бара приклучок за електрична енергија, туку потребна е само мала свеќа.
За нејзиниот дизајн се погрижи американскиот старт – ап Lumir, сочинет од седум студенти по електро инженерство. Еден од дизајнерите, Џиван Парк, инспирацијата за ламба што работи на свеќа ја добил во Индија во 2014 година.
Тој бил шокиран од фактот дека 1,3 милијарди луѓе од целиот свет сè уште немаат сигурен пристап до електрична енергија. Многу домаќинства во земјите во развој во текот на вечерните часови сè уште работат на свеќи, но светлината не е доволна. Од таа причина, Парк и неговиот тим ја создадоа ламбата што работи на свеќа, но нуди појасна лед светлина, пишува Inhabitat.
Oвој проект e на глобалната платформа за групно финансирање, Kickstarter, каде првично беше побарана поддршка од 50.000 долари, а досега добија над 62.000 долари.