Франција ќе инсталира 1.000 километри соларни панели на патиштата

65

solarni paneli na patista

Француските власти го најавија планот за поставување на 1.000 километри фотонапонски панели во следните пет години, со цел да се обезбеди обновлива енергија за околу пет милиони луѓе или околу 8% од француската популација, пишува Science Alert.

Проектот е резултат на петгодишното истражување на француската компанија за изградба на патишта – Colas и Националниот институт за соларна енергија.

Французите не се први со ваква идеја, бидејќи solar roads на брачната двојка Скот и Џули започнаа со проект за поставување соларни панели по коишто може да се пешачи или да се вози, а во исто време го топат снегот и ги намалуваат штетните гасови.

Solar

Но, ова ќе биде прв од ваков вид што ќе се инсталира на јавни патишта, а освен тоа не бара замена на патиштата, туку ќе се поставува на постоечките коловози.

На нив ќе се вградуваат Wattaway соларните панели коишто се тенки само седум милиметри. Овие панели лесно се прилагодуваат на површината, со што нема да има никакви пречки за возачите.

Она што е важно е тоа што овие панели ќе создаваат електрична енергија. Само 20 метри квадратни панели се доволни за задоволување на енергетските потреби на еден просечен дом во Франција. Тоа значи дека секој километар ќе обезбеди струја за околу 5.000 домови.