Крка, Телеком Словенија, Петрол, Адриа ервејс на продажба

56

KrkaСловенечката влада е подготвена без ограничувања да ги продава државните удели во повеќе компании, од кои инвеститорите би можеле да бидат заинтересирани за фармацевтската компанија Крка, осигурителната Позаваровалница Сава и претпријатието за управување со автопатишта ДАРС. Сопственичките удели во нив, како и во националната авиокомпнаија Адриа ервејс, банката Цеље, казината Блед и Порторож, Сава и Жито беа класифицирани како “портфолиски”, што значи дека во нив нема стратешки интерес за државна контрола и државата е подготвена да ги продаде без задржување на една четвртина од акциите.

За разлика од овој дел на државен имот, при управување со т.н. стратешки компании државата треба да задржи најмалку 50% удели, а во “важните” компании, најмалку една четвртина.

Во Нова љубљанска банка (НЛБ) државата ќе настојува да задржи четвртинска сопственост. Меѓу компаниите кои се оценети како порфолиски дел од државниот имот наменет за продажба се и Телеком Словенија и нафтената компанија Петрол, но без енергетскиот дел, кој ќе се одвои како стратешки дел од државниот имот.

Словенија во државна сопственост ќе го задржи поголемиот дел од енергетската и сообраќајната инфраструктура, а во 100% сопственост ќе ја задржи и банката за поддршка на извозот СИД и компаниите со кои располага државниот фонд КАД.