Кога успехот ќе стане опасност

51

vrvki

Фото: Pexels

Ако на работа секојдневно решавате проблеми, се соочувате со предизвици и поставувате нови, тогаш опасноста се крие зад секој агол. Токму затоа психолозите и оние со повеѓегодишно искуство тврдат дека, верувале или не, најголема опасност е успехот.

Успехот отвора нови можности. Новите можности носат нови опции, нови луѓе, нови цели, нови проекти. Значи, нова инфраструктура и организација. Психолозите велат дека не е ретко во вакви ситуации луѓето да се растргнат, да ја загубат целта и да се почувствуваат збунето.

Не се вообразувајте

Од успехот може да ви се сврти во главата. Самодовербата е голема после успех и може да се заплеткате во мамката т.н. “повисока вредност”. Иако успешно сте го завршиле проектот, мора да продолжите понатаму.

Не се живее на стара слава

Успехот може да ја искриви реалната слика. Најдобар пример за тоа се младите фирми и почетоците во работењето. Тоа може да се нарече и почетничка среќа со успешен исход кој не е реален. Ако не сте внимателни, може работата да не излезе на добро.

Не дозволувајте успехот да ве парализира

Успехот парализира. Замислете го како рефлектори кои заслепуваат на сцена. На почетниците сигурно ќе им пречи, затоа што не се навикнати на него.