Македонија за четири пати го зголеми извозот на грозје на рускиот пазар и со тоа го зазеде 14. место меѓу земјите од кои Русија увезува грозје, се вели во бизнис порталот Росинвест.
Во 2012, од Македонија во Русија, биле извезени 1.422 тони трпезно грозје во вредност од 871.000 евра. Од истата количина повеќе од половина или 60% се извезени само во октомври.
Македонија претходно го заземаше 17. место на листата на земји од кои Русија увезува грозје. Минатата година вкупната размена со Русија изнесуваше 393,5 милиони долари, од кои увоз е 360,3, а извозот 33,14 милиони долари.