Турција: Зголемената побарувачка за магарешко млеко ја подигна цената на овие животни

46

magarence

Четириесет и четиригодишната Туркан Егрибојун, која има сопствена фарма и произведува магарешко млеко, се соочува со проблем поради зголемената цена на овие животни, пишува Хуријет.

“Вообичаено, магаре со добар квалитет се продава за околу 60 евра меѓу селаните, но кога ние сакаме да купиме тогаш цената надминува и 300 евра. Се соочуваме со предизвик да најдеме добро магаре, особено во зимскиот период. Во овој момент бараме во близина на регионите околу Маниса, но доколку не најдеме ќе мора да донесе магариња од југоисточна Анатолија“, вели Егрибојун.

Таа продава магарешко млеко во Турција, но и во околината, а цената за еден литар се движи околу 30 евра.

Ова млеко, како што вели Егрибојун, е добро за лекување на повеќе болести како што се рак, астма, бронхитис, па дури и цироза.

“Магарешкото млеко ги зајакнува мускулите и ја подобрува крвта. Она што е најважно е дека го зајакнува имунитетот и ги обновува клетките. Минатата година еден литар млеко продававме за околу 24 евра, но ја зголемивме цената поради зголемената побарувачка. Произведуваме по 14 литри млеко секој ден и го дистрибуираме низ цела Турција“, додава таа.