TinnitusOFF – хрватска апликација што го решава проблемот со зуење во ушите

813

zuenje vo usite

Хрватски научници, доктори и инженери од компанија Core interface стојат зад иновативната апликација TinnitusOFF, којашто би можела да го отстрани иритирачкото зуење во ушите, пишува Bug.hr.

Апликацијата користи tailor made notched music therapy, којашто подразбира слушање на музика со задушен дел на звучниот спектар. На тој начин мозокот почнува да ги занемарува тие фреквенции и зуењето со текот на времето се намалува.

“Music notch терапијата е новитет во подрачјето на лекувањето на тинитусот*, а научно е докажана во повеќе истражувања спроведени во изминатите неколку години“, вели Рафаел Бене, еден од основачите на Core Interface.

Резултатите, како што се наведува, може да се очекува за три до шест месеци секојдневно користење. Препорачливо е оваа терапија да трае околу 90 минути секој ден.

Напредокот може да се следи во статистичкиот дел на апликацијата.

Апликацијата TinnitusOFF е достапна за PC, iOS и Android, а е бесплатна за првите 1.500 корисници.

*Тинитус е звук што се јавува во внатрешното уво. Иритирачкото зуење може да се јави, на пример, по многу гласен концерт, но кај 3% до 5% од светската популација се јавува во трајна форма.