Ќе се заштитат грозјето и виното станушина

60

Во Кавадарци во саботата 13 локални организации на Слоу фуд од Македонија одржаа годишна средба. На неа беше говорено за постигнатото во изминататата година и беа најавени насоки за работа во наредниот период. Се одржаа неколку стручни предавања.

“Пред нас е прилично активна година. Во Тиквешкиот регион се поставува президумот на станушината со што ќе се заштити оваа сорта. Се формира асоцијација на производители на грозје и вино од ова сорта грозје, кои ќе се презентираат на национално и меѓународно ниво. На национално ниво ќе се воспостави мрежа на Тера Мадре Македонија, а настанот ќе се одржи во месец мај во Битола, каде ќе учествуваат 200 делегати од сите конвивиуми и президиуми на производители, организации кои имаат слични ставови со нас заедно со експертите од Унивезитретите и претставници на владините институции”, рече Николче Николовски, национален координатор, пишува Миа.

Професорот Слободан Чокревски од Факултетот за ветеринарна медицина, кој е еден од основачите на Слоу фуд-Македонија во 2005 година, говореше за тренинг Центарот за вино сместен во винаријата Камник во Скопје.

“Курсот за вински советник и соодветниот сертификат кој се стекнува овде влезе во националната класификација на занимања. За време од 2 месеца се стекнува знаење од садење лоза до служење на вино. Годишно по една генерација вински советници излегуваат од овој тренинг центар. Втората работа што сакаме да ја направиме е да го заштитиме комињакот или кај нас (во Тиквешијата) таканаречениот комињарник во буре, што е моја идеја. Се работи за семејна традиција на правење вино, при што сакаме да ја заштитиме рецептурата на начинот на правење, што ќе влезе во светската арка на вкусови и традиционални специјалитети”, нагласи Чокревски.