Моја идеја! Мој бизнис! ги награди најдобрите бизнис идеи од Пелагонија

222

2f358c46-82b7-459d-81fd-39ebd11811b7

Во Прилеп денеска се одржа завршна церемонија на доделување грантови која го означи крајот на шестмесечната програма Моја идеја! Мој бизнис!, спроведена од страна на ЦЕЕД Македонија, а целосно финансиски поддржана од страна на Филип Морис ТКП. Главната цел на Програмата беше поттикнување на претприемачкиот дух и генерирање на нови бизнис идеи, во насока на зголемување на можноста за вработување на младите луѓе во Пелагонискиот регион.

Моја идеја! Мој бизнис! беше спроведена од септември 2015 година до февруари оваа година и беше насочена кон младите луѓе на возраст од 18 – 30 години, кои се претприемачки ориентирани. Во првиот дел од програмата, учесниците присуствуваа на неколку образовни модули кои им помогнаа да ги развијат нивните бизнис знаења, претприемачки вештини, како и вештините за креирање на бизнис планови. Пет од нив кои ги презентираа најдобрите и најодржливи бизнис планови, добија еднократен неповратен грант во износ од 2.000 долари поединечно кој треба да им помогне во започнувањето на нивниот бизнис потфат.

059a7cf8-921f-4ab9-9bf3-e1430244ca87

Дополнително кон овие пет грантови за бизнис стартапи, Филип Морис ТКП награди и седум креативни студенти со грантови во износ од 500 американски долари поединечно, кои учествуваа во конкурсот Студија на случај во рамките на програмата која бараше да се развијат одржливи решенија за претходно дефинирани деловни проблеми.

„Препознавањето и наградувањето на иницијативи, иновативност и храброст, како и создавањето можности за професионален развој се дел од филозофијата на нашата компанија и овие вредности посебно се ценеа при изборот на најдобрите и најодржливи идеи. Ние го препознаваме потенцијалот на Пелагонискиот регион и се надеваме дека програми како што е Моја Идеја! Мој Бизнис!, како и новите бизнис приказни кои помогнавме да се изградат преку оваа програма ќе ги мотивираат и другите компании да преземат слични чекори со цел зголемување на вработеноста и претприемништвото во овој регионот”, изјави Михаел Солтер, генерален директор на Филип Морис ТКП.

Преку своите деловни активности, како и програми за општествена одговорност, Филип Морис ТКП ќе продолжи да придонесува за економски и социјален развој на Македонија и на Пелагонискиот регион особено.