РЖ Економика оствари добивка од 1,8 милиони денари во 2015 година

41

rz-ekonomika

РЖ Економика минатата 2015 година ја заврши со вкупна сеопфатна добивка од 1.891.000 денари, покажува неревидираниот биланс на успех, објавен на Македонска берза.

Во текот на 2014 година, компанијата оствари добивка во висина од 1.122.000 денари.

Вкупните приходи од продажба во период од први јануари до 31-ви декември 2015 година достигнаа ниво од 19.720.000 денари, додека една година претходно имаа вредност од 25.533.000 денари.

РЖ Економика се занимава со трговија на големо и мало на резервни делови. Компанијата, покрај трговијата со резервни делови, се занимава и со издавање на деловен простор и давање на услуги од областа на сметководствено – финансиско советување.