Македонски Телеком прокнижи нето добивка од 1,2 милијарди денари за 2015

49

telekom

Македонски Телеком, во неконсолидираниот биланс на успех за 2015 година, прикажа вкупна сеопфатна добивка во висина од 1.242.715.000 денари, додека една година претходно добивката изнесуваше 880.414.000 денари.

“Вкупната нето добивка на крајот од 2015 година изнесува 1.242.715.000 денари и е зголемена за 41,2% во споредба со истиот период од претходната година. Ова е резултат на промените на легислативата за данокот на добивка коишто се применливи од почетокот на јануари 2014 година со што данокот на добивка се плаќа во моментот на распределување на дивидендата без оглед на сопственичката структура“, се вели во Образложението за работењето на Македонски Телеком.

Вкупните приходи од продажба во 2015 година, според билансот на успех, достигнаа 10.615.575.000 денари, од кои на домашен пазар се реализирани 9.758.345.000 денари, додека остатокот од 857.230.000 денари е остварен на странски пазари.

“Приходите од продажба во 2015 година изнесуваат 10.615.575.000 денари, што претставува намалување од 3,5% во споредба со 2014 година“, стои во Образложението.