Швајцарската компанија Nestlé помогна во реализацијата и финансирање на првиот тест за утврдување на недостаток од железо во организмот, за којшто не е потребно земање примерок од крвта.
Од овој тест, како што стои на официјалната страница на Nestlé, корист ќе имаат милиони луѓе од целиот свет коишто на полесен и поевтин начин ќе го утврдат нивото на железо во крвта.
Тестот се прави со помош на мали оптички влакна коишто испуштаат сина светлина на долната усна. Доколку во организмот има zinc protoporphyrin, хемиско соединение што се наоѓа во крвта кај луѓе кои имаат недостиг од железо, ќе се емитува флуоресцентно светло како одговор. Во ограничени услови и без користење на лабораториски апарати, флуоресцентниот метод претставува потенцијално средство со коешто брзо и лесно се утврдува недостаток од железо во организмот. Оваа неинвазивна метода е посебно корисна за откривање на овој недостаток кај децата.
Податоците покажуваат дека од недостиг на железо најпогодени се жените и децата, па доколку навреме не се лечи може да предизвика сериозни здравствени проблеми.
Nestlé, освен што поддржува вакви проекти и истражувања, ги збогатува своите производи со потребните состојки за да им помогне на луѓето да се хранат здраво без да ги менуваат своите прехранбени навики.